X
 04.03.2018 Наука

Во светот на трансхуманизмот - каде што смртта е само привремена

Во мал магацин, на два часа од Москва, има 56 мртви луѓе што верувале дека повторно ќе живеат. Нивните тела се превртени наопаку, крвта е целосно испуштена од нивните артерии и се нурнати во течен азот на температура од минус 196 Целзиусови степени, а така ќе стојат во следните 100 години.

фото извор: Shutterstock

Чекаат нов живот или продолжение на оној што веќе го имале. Повеќето од телата им припаѓаат на луѓе што дочекале природна смрт. Донеле одлука да бидат крио-зачувани пред да починат, а во некои случаи нивните семејства потпишале согласност и платиле 36.000 долари за да ги замрзнат телата на починатите.
Чекањето напредок во крио-конзервација е познато уште како трансхуманизам. Веруваат во напредокот на технологијата и дека еден ден ќе можат повторно да бидат разбудени. Овие верувања не се нови бидејќи и во 20 век имало движење наречено космизам преку кое се раѓала идејата дека луѓето ќе можат да ги победат злото и смртта.

Еден век подоцна ова движење се трансформира во трансхуманизам, верување дека технолошкиот напредок ќе ги надмине ограничувањата на модерните луѓе. Потеклото на ова верување е од Русија, но се протега и низ целиот свет. Меѓу споменатите 56 смрзнати тела во Русија има и странци, односно Италијанци, Украинци, Американци и Израелци. Дури има и 22 миленичиња, меѓу кои кучиња и мачки.

Криониката е сега основна алатка на трансхуманизмот, иако се смета и за најдобрата технологија за да се спречи телото од распаѓање. Првиот човек што подлегнал на вакво нешто е Џејмс Бедфорд, кој починал во 1967 година. Неговото тело и натаму е замрзнато и наводно не е променето веќе 51 година.

Сепак, уште никој не е повторно разбуден преку оваа постапка, што значи иднината во која смртта не е победена сè уште не е пристигната.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука