X
 19.11.2023 Живот

Зошто вештачката интелигенција никогаш нема да постигне свесност?

Психологот Мич Аблет, кој долго време практикува медитација, неодамна напиша текст за вештачката интелигенција и можноста оваа технологија да стане свесна. Вештачката интелигенција веќе ги заменува луѓето во многу професии, а доколку таа може да биде свесна, дали тоа значи дека ќе ги замени и психолозите и психијатрите?

- Да, имам „мекбук“, телефон и паметен часовник, и не, не верувам дека нема место за паметните технологии. Само сум загрижен за тоа каква може да стане вештачката интелигенција и какви импликации носи за луѓето (особено за моите деца) - пишува Аблет.

Тој направил мал експеримент во кој побарал од вештачката интелигенција да му даде информации за медитацијата. „Чет-ГПТ“ дава многу информации за медитацијата, но не е способен да напише оригинален коан, кој во зен будизмот претставува загатка или парадокс со кој сака да се покаже неадеквантноста на логичното размислување. Потоа, Аблет ѝ поставил повеќе прашања за свесноста на вештачката интелигенција и заклучил дека таа дефинитивно не е свесна.

Зошто ова е важно?

Според Макс Тегмарк, експерт за вештачка интелигенција, свеста е слонот во собата. Не само што знаете дека сте свесни, туку тоа е сè што знаете со целосна сигурност.

- Бидејќи не може да има значење без свеста, не е нашиот универзум тој што им дава значење на свесните суштества, туку свесните суштества му даваат значење на нашиот универзум… Ова сугерира дека како што ние луѓето се подготвуваме да бидеме понижени од уште попаметни машини, се тешиме главно во тоа што сме „хомо сентиенс“, а не хомо сапиенс - пишува Тегмарк.

Луѓето се создавачи на значење и го правиме тоа со нашиот капацитет да бидеме свесни во одреден момент. Меѓутоа, иако луѓето се способни за тоа, повеќето од времето не се свесни. Овој квалитет на свесност лесно се зема здраво за готово. Колку повеќе сте свесни, толку повеќе веројатно ќе му дадете значење на овој и на секој момент, пишува Аблет.

Извор: Psychology today
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот