X
 22.12.2020 Технологија

Автономно е-такси целосно приспособено за патниците

Компанијата „Зоокс“, која во јуни годинава беше преземена „Амазон“ за 1,2 милијарда долари, го претстави својот прв производ - целосно автономно електрично такси.

Не станува збор за конвенционален автомобил претворен во автоматизација и електрична енергија, туку за нова дизајнирана капсула во форма на мал минибус, во кој сè е подредено според потребите на патниците.

Возилото „зоокс“, кое изгледа исто и однапред и одназад, може да вози во која било насока и собира до четири патници. Возач нема, а за возењето се задолжени системи за автономно возење со многубројни сензори, камери, радар, како и систем за вештачка интелигенција кој се грижи за возењето и другите учесници во сообраќајот.

Бидејќи сите четири тркала се функционални, возилото е доста подвижно и може да маневрира дури и во најтесните градски улици.

Енергијата ја добива од батерија од 133 kWh, која му овозможува континуирано полнење до 13 часа. Максималната брзина на ова необично возило е дури 120 километри на час. Тежината на возилото е околу 2,5 тони.

Патниците во кабината се заштитени со воздушни перничиња од сите страни. Возилото веќе ги поминало официјалните „краш тестови“ во САД, но не е познато дали добило одобрение од сообраќајните органи.

Во септември „Зоокс“ стана четвртата компанија на која ѝ беше одобрено пуштање на автономни возила на јавните патишта во Калифорнија, а ова возило во моментов се тестира на приватни полигони во неколку градови во САД.

По добивањето на сите потребни дозволи, „Зоокс“ нема намера да ги продава своите возила, туку само да ги направи достапни за транспорт преку сопствена апликација со која може да се нарача возење.



Извор: Bizlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија