X
 22.12.2021 Живот

Е-цигарите смеат да се користат во затворени простории, одлучи Владата

Со одлука на Владата донесена на последната седница, електронските цигари и уредите за загревање на тутун ќе смеат да се користат во затворените јавни простории. Владата ја прифати сугестијата на Министерството за здравство, кое уверува дека електронските цигари, како и другите уреди за загревање на несогорливите тутунски производи, не се карактеризираат како вистински цигари и со тоа не спаѓаат во Законот за заштита од пушењето.

Производителите и увозниците треба да обезбедат мислење од наставно-научна институција дека при користењето на уредите за загревање на тутунот не настанува процес на согорување, кое мислење понатаму се доставува на увид до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство. Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронските цигари не претставува пушење. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот