Владата и претседателството на СОНК, придружено со претставници на дел од регионалните одбори на Синдикатот, се во интензивна комуникација за да се најде заемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишните установи.
На состанокот во Владата тие се договорија во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кој ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од претшколска возраст - во градинките.
На состанокот во Владата дополнително се разговараше веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на Синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.