X
 29.03.2018 Здравје

Чекор поблиску до свет без чад од цигари


Чад од цигари
(Фото: Pixabay)


Компанијата „Филип Морис“ донесе одлука нејзината фабрика во Грција целосно да прекине со производство на цигари. Во иднина, оваа постројка ќе произведува исклучиво HEET-тутунски патрони кои се користат во електронските цигари кои само го загреваат, а не го согоруваат тутунот. Ова е прво целосно преминување од фабрика за производство на цигари во постројка за производство на тутунски патрони и претставува чекор поблиску до остварувањето на визијата за создавање свет без чад од цигари.

Процесот на трансформација почнал во август минатата година и чинел 300 милиони евра, а се очекува фабриката да почне да работи со полн капацитет при крајот на оваа година, со што ќе се отворат нови 400 работни места.

„Ова е историски ден за нашата компанија. ’Папастратос‘ е првата наша фабрика што престанува да произведува традиционални цигари и целосно преминува на алтернатива без чад од цигари“, изјавил Андре Каланцопулос, генерален директор на компанијата „Филип Морис“. „Ќе продолжиме да ги трансформираме и останатите наши фабрики и да вложуваме во нови постројки за да ги задоволиме барањата на возрасните пушачи за наоѓање подобри алтернативи на цигарите. Се обврзавме дека на сите луѓе што и натаму сакаат да пушат ќе им обезбедиме потенцијално помалку штетни производи. Овие револуционерни промени, кои се во корист на 1,1 милијарда пушачи во светот, на јавното здравје и општеството во целост, стекнуваат сè поголема поддршка и ние ќе продолжиме да вложуваме напори во остварувањето на иднина без чад од цигари.“

Заедно со фабриката во близина на Болоња, Италија, ’Папастратос‘ ќе биде втората постројка на компанијата „Филип Морис“ што целосно ќе биде посветена на производство на бесчадни тутунски производи. Исто така, од компанијата најавиле дека во план е целосно или делумно да ги трансформираат своите фабрики за цигари во Јужна Кореја, Романија и во Русија.

Од 2008 година досега се вложени над 4,5 милијарди долари во научни истражувања, развој на производи, комерцијален развој и производствени капацитети за бесчадни тутунски производи. Моментално речиси 5 милиони возрасни пушачи од користење традиционални цигари преминале на производи засновани на технологија на загревање на тутунот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје