23.01.2019
Образование
Просветните работници ќе протестираат за повисоки плати
Повисоки плати и достоинство ќе бараат просветните работници, кои одлучија в сабота да излезат на мирен протест во Штип. Протестот го организира Конфедерацијата на самостојни синдикати на Македонија, а им се придружи Самостојниот синдикат за образование и наука, изјави за Факултети.мк, претседателот на синдикатот, Јаким Неделков.
Протестот е закажан за 12 часот.
Фото: Јутјуб