X
 06.05.2022 Живот

Настава има, договор меѓу МОН и СОНК нема

Доколку до понеделник не се склучи спогодба, по дополнителниот законски рок од десет дена за да се реши спорот, Синдикатот најавува реактивирање на штрајкот

Лидерот на СОНК, Јаким Неделков, кој присуствуваше на третиот состанок помеѓу работните групи на Синдикатот и МОН со посредникот, соопшти денеска дека не е постигнат нов договор. Колку брзо ќе му се стави крај на спорот, нагласи тој, ќе зависи и од Министерството за финансии, кое пресметува дали може да се надмине последната владина понуда од 12% раст на платите.

- Доаѓаме до некакви заеднички ставови. Сепак, тука има нијанси во размислувањето за дополнително зголемување на оние 12%, меѓутоа, кога и за колку, тоа се детали што сѐ уште ги утврдуваме. За жал, министерот не може да излезе официјално со став бидејќи сѐ уште ги нема точните информации од Министерството за финансии - изјави претседателот на СОНК.

Во врска со исплатата на платата на вработените во градинките за време на штрајкот, Неделков вели:

- Доставивме барање до МОН за исплата на дневници врз основа на Колективен договор, имаме основа за таа работа и речиси сме сигурни дека ќе бидат исплатени во дејноста образование. За жал, имаме проблем во труд и социјална политика. Може да биде сериозен проблем за нарушување на процесот на преговори.

Нова средба се очекува в недела, кога практично истекуваат првите 10 дена предвидени со закон за да се реши спорот. Ако не се склучи спогодба и по дополнителниот законски рок, Синдикатот најави реактивирање на штрајкот.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот