X
 23.01.2022 Наука

Погледнете колку далеку патуваат капките дожд откако ќе паднат на височините на Килиманџаро

Дали некогаш сте се запрашале колку далеку патуваат капките дожд откако ќе паднат на височините на Килиманџаро? Во случај да сакате да дознаете, некои љубопитни картографи создадоа алатка за мапирање што го визуелизира патот по кој капката дожд ќе оди до морето од каде било на Земјата.

„River Runner Global“ е бесплатна алатка со отворен код за визуелизирање на тоа колку сме меѓусебно поврзани и може брзо да се користи за планирање за управување со водите со груби нацрти или за едукативни цели.

Аналитичарот на податоци Сем Ленер го изградил проектот користејќи податоци од Геолошкиот институт на САД, заедно со помош на Кајл Онда, архитект на податоци за консултантска компанија за податоци и управување со вода, „Интернет оф ватер“.

- Постои нешто навистина интересно во тоа да завршите во малите џебови на земјата или светот за кој воопшто не знаете - вели Ленер.

Има многу изненадувања по патеката низ која поминува капката дожд, на пример целата вода што го храни Вашингтон доаѓа од врнежите и изворите на западната страна на Апалачите, а пред секое топење на снегот на Монт Еверест да стигне до Ганг, мора да тече кон исток преку врвот на Индија повеќе од 300 километри за да најде точка каде што Хималаите се делат.

Механизмот за обработка и прикажување на податоците со користење на масовни топографски информации не постоел, па затоа Лернер морал сам да го изгради.

Алатката е сè уште во бета верзија, и затоа имињата на местата и реките честопати нема да се појавуваат. Алатката има и повремени грешки, но Лернер вели дека истите задни податоци може да се искористат за да се создаде друга алатка, како што е страницата „River Climber“ што следи патека нагоре за да го покаже изворот на она што треба да се заштити.

Тимот досега најде прилично познати и интересни водни патишта, кои програмерите ги споделија во гугл-документ за секој да може да ги погледне.

Извор: Good News Network
Фото: River Runner Global
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука