Агенцијата за вработување ги објави статистиките за невработеност кои покажуваат дека заклучно со 31.12.2022, во Македонија има 112.733 невработени лица, од кои 57.970 се жени.
Најмногу невработени се регистрирани во Скопје (21.875), Тетово (13.600) и Куманово (11.924), а по нив следуваат Гостивар (8.846), Прилеп (7.219), Струмица (4.914), Битола (4.475) итн. Најмалку невработени има во Кратово (508), а по него следуваат Демир Хисар (646), Виница (704), Валандово (798), Пробиштип (812) итн.
Во однос на образованието, на ниво на целата држава, најголем дел од невработените се без образование и со основно образование (65.663), по што следуваат оние со завршено средно (27.505), па оние со непотполно средно (10.379), оние со високо (7.658) и оние со вишо (918). Минатата година ја завршивме со 595 невработени магистри и 15 невработени доктори на науки.
Најмногу невработени доктори на науки има во Скопје - вкупно 6, од кои 5 се жени - и во Битола (3). Двајца невработени доктори на наука има во Кичево, а по еден во Куманово, Прилеп, Тетово и Штип. Во Кратово, како град со најмалку невработени, регистрирани се тројца невработени магистри на науки.
За поголема резолуција, кликнете на сликата
Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека најголем дел од невработените се на возраст од 55 до 59 години (17.010), а по нив следуваат оние на возраст од 60 и повеќе години (14.900), па оние од 50 до 54 години (13.914), оние на возраст од 45 до 49 години (13.141) итн.
За поголема резолуција, кликнете на сликата
Прегледот на невработени според времето на чекање на вработување покажува дека најголем дел од невработените (19.409) чекаат 2 години. 18.500 чекаат три, 7.442 чекаат четири, 10.651 невработен чекаат од 5 до 7, а 12.952 невработени чекаат 8 и повеќе години. Не е мал бројот и на невработени кои чекаат вработување по неколку месеци, па податоците покажуваат дека 17.000 чекаат од 1 до 5 месеци.
За поголема резолуција, кликнете на сликата
Податоците за невработеност според национална припадност покажуваат дека разликата помеѓу бројот на невработени Македонци и Албанци е многу мала, па невработени Македонци во земјава има 49.600, а бројот на невработени Албанци изнесува 40.824. По нив следуваат Ромите со 11.223 невработени, Турците (7.567) итн.
За поголема резолуција, кликнете на сликата