X
 23.01.2024 Економија

ДЗС: Просечната нето-плата за ноември е 38.359 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година изнесува 38.359 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 57.609 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116,2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22%), снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (8%), рударство и вадење камен (5,9%), финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6%).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија