X
 22.11.2024 Живот

ДЗС: Просечната нето-плата за септември изнесува 41.585 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2024 година изнесува 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 62.573 денари.

Од ДЗС истакнуваат дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности (12,6%), преработувачка индустрија (11,7%) и уметност, забава и рекреација (11,4%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен (5,8%), административни и помошни услужни дејности (5%) и преработувачка индустрија (2,8%).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот