Словенија со месечна нето-плата од 1.077,77 евра за мај оваа година е единствената држава во овој регион со највисока плата. Истовремено, тоа е единствената плата во регионот што го надминува износот од 1.000 евра.
Просечната плата во Хрватска за мај достигна 866,95 евра, во Црна Гора 511 евра, во Босна и Херцеговина 448,59 евра, а во Србија 426 евра.
Најниска плата исплатена во мај оваа година има во Македонија, и тоа 399,28 евра (24.509 денари).
Црна Гора во јуни годинава, во споредба со мај, забележува пад од 0,2 отсто, додека просечната нето-заработка во јуни 2018 година во споредба со истиот месец во 2017 година забележува раст од 0,2 отсто.
Просечната нето-плата во Хрватска за мај е зголемена за 2,1 отсто, а просечната исплатена плата во регионот оваа година, во споредба со минатата година, најмногу пораснала во Хрватска, и тоа за 71,42 евра. Просечната плата во Србија оваа година во споредба со лани порасна за 29,71 евра, а во Словенија за 21,30 евро.
Просечната плата порасна и во Македонија споредено со минатата година, и тоа за 17,38 евра.
Нивото на просечната
плата единствено не се променило во Црна Гора и се задржало на износ од 511 евра.