Не е новина да се каже дека многу работи во Германија се подобри отколку во другите држави во светот. Една од нив се автомобилите и правилата на улиците.
Имено, во таму постои Reisenverschlusssystem, или поточно систем на затворачи – закон кој кажува дека при спојување на две траки возачите треба да се престројат на последната можна трака, по што би се споиле како запци на патент.
Ова функционира совршено. Едноставно, ефикасно, без разлика колку ги излудува странците па и Германците дека некој сака да им го земе местото. Оние пак кои не ги пуштаат возачите од споредната трака да се престројат откако ќе ги заобиколат од страна, ризикуваат да добијат казна.
Леон Џејмс, професор по возачка психологија, смета дека раното престојување има поголема психолошка тежина затоа што ги тера возачите да се надеваат дека некој ќе им допушти да се престројат, што другите би можеле да го сторат, но и не мора. Од друга страна, системот на затворачи диктира дека автомобилот мора да се пропушти.
Студиите покажуваат дека со овој систем се доаѓа и до 20% побрзо функционирање. Иако е потребно многу едукација на возачите за ова правило успешно да се споведи, вреди да се проба, па макар и да се заштедат само минута или две, и тоа е
почеток.