X
 23.03.2019 Наука

Антиваксерите се опасни исто колку и пијаните возачи

Благодарение на антиваксерското движење, болестите за кои има лек, како што се морбилите и заушките, сега се вратија и научниците сè повеќе ги критикуваат антинаучните движења.

Проблемот стана толку сериозен, што комесарот на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), Скот Готлиб, неодамна предупреди дека луѓето што по своја волја одбиваат да бидат вакцинирани би можеле да предизвикаат избивање на епидемија, а од Светската здравствена организација (СЗО) за антиваксерите рекоа дека се една од најголемите актуелни закани за глобалното здравје.

Поради тоа, двајца научници напишаа коментар за „Сајентифик Американ“ во кој велат дека луѓето кои би можеле да се вакцинираат, но одбиваат да го направат тоа се еднакво опасни за луѓето околу нив како и пијаните возачи.

- И тие себично, непромислено и свесно ги ставаат под ризик животите на сите што ќе ги сретнат. Нивното однесување ги загрозува здравјето, безбедноста и егзистенцијата на невините присутни луѓе кои се баксузи, кои им се нашле на патот - истакнаа астрофизичарот Итан Сигел и микробиологот Алекс Березов.

Двајцата автори не застануваат тука со нападите. Тие велат дека оние што избираат да ги загрозат луѓето околу себе така што не се вакцинираат треба да го прават тоа, но само доколку се целосно отстранети од општеството.

- Дали тоа е премногу сурово? Не мислиме така. Ако некое лице сака да пушта гласна музика, бесцелно да пука со оружје и да пие и вози, треба да му се дозволи да прави како што сака, сè додека е на негов имот, доволно изолиран од сите други. Слично на тоа, ако не сакате да бидете вакцинирани, можеби и тоа треба да е дозволено, сè додека се согласувате перманентно да живеете некаде на крајот од светот - истакнуваат тие.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука