Рекордот за најскап мед во светот го држи една турска компанија која продава мед произведен во пештера.
Еден килограм од медот се продава за 12.100 долари. Медот се нарекува „Сентаури“, а се произведува во пештера на височина од над 2.400 метри. Богат е со магнезиум, калиум, феноли, флавоноиди и антиоксиданси.
Скапоцениот производ може да се собира само еднаш годишно за да не се вознемират пчелите. Примероците потоа се проверуваат во институт во Турција за квалитет.
Следното собирање е на крајот од октомври, а веќе се примаат порачки.
Автор: Екта Јоши
Извор:
luxurylaunches.com
Фото:
centauryhoney.com