X
 23.03.2022 Култура

Пристигнувањето на пролетта за жителите на Индија значи Холи. Што претставува овој празник на боите?

На првиот ден по полната месечина во март доаѓа пролетта, а за жителите на Индија тоа значи - Холи.

Денот по полната месечина речиси во секој агол на Индија се слави како еден од најголемите празници на кој му се припишуваат различни значења, но сите се сведуваат на игра, танц и ширење позитивна енергија.

Холи е фестивал на бои - главна карактеристика на празникот е прскањето со вода и светли бои.

Празникот се празнувал уште пред Христос, а порано се нарекувал Холика. Името го добил по богот Кришна, реинкарнација на богот Вишну. Според легендата, Кришна на шега ги полевал селските девојчиња со вода и бои и оттаму потекнува обичајот на кој сите му се радуваат.

1
Фото: Wikipedia

Што претставува Холи?


Победата на доброто над злото - подразбира палење и уништување на демонот по име Холика. Се верува дека Холика е сестра на злобниот крал Хирањакшипу. Затоа, во пресрет на самиот празник, на улиците се пали голем оган, со портрет на Холика во средината, за кој мажите со денови подготвуваа дрва. Ова се нарекува и „Малата Холи“.

Празник на мажените жени кој повикува на среќен брак и семејна благосостојба.

2
Прослава на Холи во Лондон/Фото: Wikipedia

Фестивал на љубовта - затоа што го прославува семејството и затоа што порано се договарале бракови на овој празник. Семејствата го поминуваат овој ден заедно, со храна, пијалаци, бои, музика и танцување.

3
Прослава на Холи во САД/Фото: Wikipedia

Најголемите настани за време на празниците се одржуваат во градовите Матура и Вриндава во индиската држава Утар Прадеш, бидејќи се верува дека Кришна е роден и израснат во овој регион.

Извор: National Geographic
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура