X
 29.05.2017 Наука

На повидок е мапирање на мозокот во матката?

utroba
Фото: Moriah E. Thomason

Замислете ако аутизмот можеше да се дијагностицира пред да се роди бебето. Наместо родителите да откријат за оваа дијагноза околу третиот роденден на детето, кога обично се појавуваат првите знаци, родителите би дознале уште од почетокот на состојбата, а докторите би имале можност однапред да направат стратегија за нега.

Според педијатрискиот невролог Морија Томасон, наскоро ќе биде возможна дијагноза во матката. Неговото истражување има за цел да реши некои од тајните на мозокот на фетусот. Таа заедно со нејзиниот тим искористиле „MRI“ технологија за да го проверат растот на мозокот на фетусот и ја мапирале поврзаноста на невроните, создавајќи слика за тоа колку добро функционира органот.

Тие се фокусирале на случаите каде постои опасност од предвремено породување. „Знаеме дека предвремено родените деца се изложени на поголем ризик за развојни одложувања“, вели таа. Таквите одложувања често пати се поради стрес или недостаток на кислород за време на породувањето. Томасон смета дека оштетувањето можеби започнала уште во утробата, со неоткриена инфекција.

За подобро разбирање е потребно време. Областа се движи брзо. После сè, пренаталниот ултразвук стана рутина во изминативе неколку децении.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука