X
 19.04.2019 Наука

Во мај на небото нѐ очекува „цветна“ сина Месечина

На крајот од мај на небото ќе се појави сина Месечина наречена „цветна“.

Според извештаите од НАСА, сината Месечина не е ретка појава и се повторува на секои 2,5 години. Сепак, оваа година Месечината има дополнителна специфичност во врска со овој небесен феномен, а тоа е појавата на „цветна полна Месечина“.

Што претставува сината Месечина?


Во овој случај зборот „сина“ не укажува на бојата на Месечината, како што е пример со крвавата Месечина. Поимот сина Месечина означува дополнителна полна Месечина која се појавува во одреден временски период.

месечина
Фото: Shutterstock

Постојат два вида сина Месечина: месечна сина месечина и сезонска сина Месечина. Месечната сина Месечина е попопуларна од сезонската. Сезонската сина Месечина е постаро значење и се однесува на појавата на трета полна Месечина во текот на едно годишно време. Секое годишно време, зима, пролет, лето и есен, нормално има три полни Месечини, а во овој случај се појавува и четврта. Поради тоа, се означува како Месечина со аномалија.

Ваквата дефиниција е поприфатена од астрономски насочените луѓе бидејќи се базира на рамноденицата и краткоденицата.

Кога се појавува цветната сина Месечина?

Полната месечина ќе се појави на 18 мај 2019 година и е посебна затоа што тоа ќе биде сезонска сина Месечина. Мај е дополнителната специфичност, па оваа сина Месечина ќе биде и цветна.

Секоја прва полна Месечина има посебно име во зависност од календарскиот месец. Првата полна Месечина во април се нарекуваше „црвја Месечина“ (worm Moon), додека првата полна Месечина во јануари беше „волчја Месечина“ (wolf Moon).

За да ја „фатите“ сината Месечина на 18 мај, потребно е да погледнете на небото точно во 23 часот и 11 минути. Тогаш Месечината ќе биде најголема бидејќи ќе биде точно на 180 степени на еклиптична должина во однос на положбата на Сонцето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука