X
 23.04.2021 Култура

„Оскари 2021“ претставени низ бројки

Церемонијата за доделување на „Оскарите“ ќе се одржи оваа недела. „Нетфликс“ води во бројот на номинации годинава (со вкупно 35), а следува „Амазон“ со 12.

„Форбс“ направи анализа на овогодишните „Оскари“ по бројки.

180 милиони долари - годишната заработка на Лос Анџелес од „Оскарите“;

Над 129 милиони долари - сумата што телевизијата Еј-би-си очекува да ја заработи од реклами;

Над 100 милиони долари - сумата што ја троши Холивуд за лобирање секоја година;

Над 40 милиони долари - вкупната сума на овогодишната церемонија;


Фото: Pixabay

23,6 милиони - гледачи на минатогодишните „Оскари“, што претставува намалување од 20% во споредба со 2019 г;

10 милиони долари - вкупната сума потребна за изгледот на една популарна актерка на „Оскарите“. Досега најскап бил изгледот на Кејт Бланшет во 2014 г. - 18,1 милиони долари;

9 милиони долари - просечниот раст на заработката на филмот што ќе ја добие главната награда;

2 милиони долари - цената за реклама од 30 секунди за време на „Оскарите“;

92.000 долари - влезница за двајца на оскаровската забава на „Венити фер“, најскапата оскаровска забава;

72.000 долари - реклама на првата страница на списанието „Холивуд репортер“ во оскаровската сезона;

24.700 долари - вредноста на црвениот тепих, кој се поставува 900 часа од страна на 18 луѓе;


Фото: Pixabay

400 долари - проценета вредност на една статуетка обложена со 24-каратно злато;

263 минути - времетраењето на најдолгата церемонија досега (2002 година);

225 - земји и територии во кои ќе се пренесува овогодишната церемонија;

60% - просечно зголемување на хонорарот на актерот и актерката што ќе добијат главна награда;

32% - процент на номинирани жени оваа година (процентот е највисок досега).

„Оскарите“ ќе се одржат в недела, во 2 часот по полноќ според средноевропско време.

Автор: Дана Филдмен
Извор: forbes.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура