X
 23.05.2019 Технологија

Американските војници ќе ги контролираат дроновите со нивните мисли?

Американската Агенција за напредни истражувачки одбранбени проекти (ДАРПА) официјално издвои средства за програма за правење интерфејс мозок-машина во форма на слушалки дизајнирани да им овозможат на припадниците на војската да контролираат сè - од активни сајбер-одбранбени системи до роеви летала без екипаж - само преку мозочна активност.

Во агенцијата се надеваат дека таквиот интерфејс би можел да им олесни на припадниците на војската да извршуваат сложени задачи и да им помогне да извршуваат повеќе задачи во исто време.

- Исто како што ставаат на себе заштитна и тактичка опрема при подготовките за мисија, во иднина тие ќе можат да стават слушалки со нервен интерфејс, да ја користат технологијата како и да е потребно и потоа да ја остават алатката кога ќе биде завршена мисијата - се наведува во соопштение на ДАРПА.

Агенцијата има амбициозен план за слушалките. Прво на агендата е изнаоѓањето начин за снимање на електричните сигнали во мозокот и како да се пренесат информации назад во мозочното ткиво.

Штом тоа ќе се реши, од ДАРПА се надеваат дека ќе можат да ја претворат таа способност во интерфејс мозок-машина, кој е корисен во воен контекст, како што е контрола на рој дронови.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија