Научници во Ново Мексико им даваат нов живот на мртвите птици со неконвенционален пристап кон истражувањето на дивиот свет, бидејќи препарираните птици ги претвораат во дронови за да го проучуваат летањето.
Д-р Мостафа Хасаналиан, професор по механички инженеринг на Институтот за рударство и технологија во Ново Мексико, кој го води проектот, откри дека вештачките, механички птици не ги дале резултатите што тој ги барал.
- Дојдовме до идеја дека можеме да ги искористиме мртвите птици и од нив да направиме дронови - вели тој.
Птиците претворени во дронови моментално се тестираат во наменски изграден кафез на универзитетот и може да се користат за подобро разбирање на формирањето на јатото и моделите на летот. Ова може да се примени во воздухопловната индустрија, вели д-р Мостафа.
- Ако научиме како овие птици управуваат со енергијата меѓу нив, во иднина ќе можеме да го примениме тоа во воздухопловната индустрија за да заштедиме повеќе енергија и гориво - вели тој.
Додека многумина мислат дека бојата на птицата е начин за привлекување партнери или камуфлажа, д-р Бренден Херкенхоф вели дека бојата влијае и врз ефикасноста на летот.
- Спроведовме експерименти и откривме дека за нашите авиони со фиксни крила, примената на одредена боја може да ги промени перформансите на летот. Веруваме дека истото важи и за птиците - вели тој.
Прототипите на препарираните птици летаат најмногу 20 минути, така што следната фаза е да се најде начин да летаат подолго и да се спроведат тестови во дивината меѓу живите птици, вели д-р Мостафа.
Извор:
Vecernji.hr
Фото: Screenshot/YouTube