Агенцијата за храна и за ветеринарство, апелира до граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, но и лично или на електронската пошта info@fva.gov.mk.
Во пресрет на новогодишните празници, инспекциските служби на Агенцијата захрана и ветеринарство, покрај редовните, почнаа со спроведување на вонредни контроли на специјализираните продавници за храна од животинско потекло (месарници, рибарници и сл.) и во угостителски објекти (хотели, ресторани).
„Контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Маврово, Попова Шапка, Охрид, Струга, Берово и Дојран. Целта на контролите е елиминирање на можнста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување на евентуални труења и инфекции и заштита на здравјето на граѓаните и правата на потрошувачите. Како одговорна институција за безбедноста на храната ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават", стои во соопштението од Агенцијата.