Службите од Флорида со задоволство најавија дека ќе се вклучат во војна со дронови.
Ова лето таму ќе се користат дронови за распрскување лаврицид над барите кои досадните и потенцијално заразните комарци ги користат за размножување Ова е високотехнолошки обид за контролирање на популацијата на овие штетници, кој би можел да ѝ заштеди многу пари на оваа американска сојузна држава.
Организациите за контрола на комарците веќе користат дронови за да бараат зафрлени базени на застоена вода. Сега дроновите ќе можат да носат и неколку килограми лаврицид и сами да се погрижат за зафрлените базени - задача за која вообичаено се користат хеликоптери, а тоа чини многу
повеќе.