X
 23.05.2023 Живот

Бразил воведе шестмесечна вонредна состојба поради птичји грип

Бразилскиот министер за земјоделство Карлос Фаваро вчера прогласи вонредна состојба од 180 дена како одговор на појавата на многу заразен вирус на птичји грип меѓу дивите птици.

Британските медиуми пренесуваат дека Глобалните упатства на Организацијата за здравје на животните потсетуваат дека инфекциите од поттипот на птичји грип Х5Н1, кој е откриен кај дивите птици, не предизвикуваат автоматски забрани за трговија.

Меѓутоа, појавата на птичји грип на живинарските фарми вообичаено резултира со елиминација на целото јато и може да предизвика трговски ограничувања во земјите увозници на живина.

Во Бразил, како најголем светски извозник на пилешко месо, минатата година со продажба од 9,7 милијарди долари, досега се потврдени осум случаи на вирусот Х5Н1 кај дивите птици, вклучувајќи седум во државата Еспирито Санто и еден во државата Рио де Жанеиро.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот