X
 11.08.2017 Живот

Тунели ископани од огромни мрзливци

Тунелите обично се прават од страна на луѓето или се конструираат во текот на илјадници или милиони години преку движење на водата. Во специфичен предел во Јужна Америка има тунели кои се доволно долги за луѓето да се движат низ нив, па дури и автомобили, но не се креирани од луѓе. Биле ископани од огромни мрзливци.

фото извор: CPRM


Ѕидовите на тунелите се прекриени со огромни траги од канџи од самиот под, па до таванот. Се верува дека овој вид мрзливци веќе не постојат. Пронајдени се многу вакви тунели и сите се долги и широки. Се претпоставува дека
најголемиот забележан тунел е креиран од повеќе генерации мрзливци кои се здружувале во групи и работеле на негово проширување.

Експертите сметаат дека мрзливците биле големи колку модерните слонови од Африка, а живееле пред околу 10 илјади години. Се претпоставува дека мрзливците биле најголемите копнени цицачи што некогаш постоеле на Земјата. Некои, пак, сметаат дека тунелите биле создадени од армадила кои исто така работеле во групи за копање на тунелите.

Ваквите тунели најмногу ги има во Рио Гранде и Санта Катарина во Бразил. Само неколку има во северниот дел на Бразил и Јужна Америка. Експертите сметаат дека вакви тунели наскоро ќе бидат откриени и на други места.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот