Син ми има 9 години и е четврто одделение. Има проблем со другарувањето, ќе се здружи со едно-две деца, но ако не дојдат да го викнат, тој не оди кај нив. Не сакам да му правам притисок, чекам тој сам да одлучи со кого ќе се дружи. Во трето одделение наставничката ми се пожали дека на голем одмор почнал да се задева со другите деца, да си ја става чантата на гради како хармоника, да извикува крици и да пее некои песни. Од друга страна, на час ќути од страв да не погреши. Кога работи во група со деца, како да ги избегнува, изгледа незаинтересиран. Кога играат сите деца фудбал, тој стои настрана и ги гледа и вели дека не знае да игра. Кога си оди дома, не ги чека другарчињата со изговор дека биле многу бавни. Кога оди на роденден, ми ѕвони само што ќе ги дувнат свеќите за прв да го земеме. Како да постапам за да си го промени мислењето, страв ми е дека децата ќе почнат да го избегнуваат.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк