X
 24.10.2023 Живот

Дома е послушен, мирен, а во училиште покажува агресија, ги задева другарите, ја попречува наставата. Што да направиме?

Многу сум загрижена за однесувањето на моето дете во училиште, од оваа година е прваче. Се работи за дете-единец, кое дома е релативно послушно, не можам да се пожалам, освен што во повеќето случаи сака да е сѐ по негово, но ние како родители се обидуваме на најдобар начин да го избалансираме тоа. Откако тргна во школо, дома не покажува промена во расположението, мирен е, сталожен е, но во училиште не може да издржи и почнува да покажува агресија, да ги задева другарите, да станува и да шета низ училницата. Ја попречува наставата, прави секакви глупости за вниманието да биде насочено кон него. Ова се случува во втората половина од денот кога најверојатно му паѓа концентрацијата, но не се случува секојдневно. Да напоменам дека четири години одеше во градинка и ги немавме овие проблеми. Ве молам за совет како да му помогнеме.

Одговорот од психологот можете да го прочитате на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот