Издавачки центар ТРИ од денес започнува уште едно издание на Летниот фестивал на книгата, настан кој ги слави книгите и читањето и ја отвора сезоната на попусти, акции и примамливи понуди од изданијата на ТРИ и Паблишер.
Оваа година слоганот на фестивалот е „ОТКРИЈ МОРЕ ОД ПРИКАЗНИ“, кој ја нагласува важноста да се биде релаксиран во летниот период, кој оваа година е поинаков за сите нас.
Летниот фестивал е препознатлив настан кој со години ја популаризира книгата во пресрет на годишните одмори и лежерните викенди. Ова лето ТРИ обезбеди широка фестивалска понуда со нови изданија, со одличен фестивалски попуст од 20 до 70 % и многу интересни наслови кои наскоро ќе ги красат полиците на ТРИ. Љубителите на Мураками, Бегбеде, Гејман, Руми, Вуди Ален... ќе имаат можност да ги купат своите омилени автори со најновите книги токму на Летниот фестивал.
Иако ова лето промоциите ќе бидат оправдано изоставени, попустите и наградите се неминовни. До крајот на летото за нашите читатели подготвивме богата понуда од атрактивни наслови во пакети од 3 книги за 499 денари и 5 книги за 499 денари. Како и секое лето, и ова ќе биде полно со награди. Преку фејсбук и инстаграм-профилите, ТРИ ќе ги наградува своите најактивни и посветени читатели со бесплатни примероци од нови книги, како и со многу свежи изненадувања!
Книжарниците на ТРИ во Дебар Маало, ГТЦ и ТЦ Зебра ќе бидат совршено прибежиште за сите вљубеници во книгите во жешките летни денови. Сигурни сме дека фестивалската понуда нема да остави никого рамнодушен и дека ќе бидете дел од Фестивалот на ТРИ – и ќе одберете совршени книги – патувања!
Целата фестивалска понуда погледнете ја
ТУКА.
(Комерцијална објава)