X
 08.09.2018 Култура

„Оскари 2019“: Наградата за популарен филм ќе мора да почека

Новата награда со месеци ја критикуваат актерите и другите членови на филмската индустрија.

Организаторите на доделувањето на „Оскарите“ ги одложија плановите за воведување нова категорија - популарен филм.
Наградата требаше да оди за филмот што ќе го избере публиката, а не жирито, и за нејзиното воведување беше одлучено минатиот месец.

Сепак, извршниот директор на Академијата изјави дека ја препознале потребата за понатамошна дискусија за овој предлог.

oskar
Фото: Getty Images


- Академијата призна дека воведувањето каква било нова награда, 9 месеци пред доделувањето на „Оскарите“, е неправедно за филмовите што веќе излегоа - се наведува во соопштението.

Во соопштението се вели дека oдборот на Академијата ќе продолжи да дискутира за ова прашање за да се соберат сите потребни информации. Оваа категорија го привлече вниманието на јавноста, но наиде и на големи критики во Холивуд.

Статистиките покажуваат дека популарноста на „Оскарите“ опаѓа во последните неколку години. Во 2018 година „Оскарите“ ги следеле 39 отсто помалку луѓе отколку во 2014 година. Претходните години Академијата не наградуваше филмови што добро поминуваа кај публиката - како „Мама Миа“, „Аватар“ и „Невозможна мисија“.

Организаторите на „Оскарите“ во август не образложија зошто сакаат да воведат нова категорија. Некои холивудски критичари велат дека ознаката „популарен филм“ е збунувачка и дека можеби нема да биде јасно кои се критериумите за добар филм.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура