X
 10.06.2024 Живот

Колкава плата земаат европратениците?

Пратениците во Европскиот парламент имаат плати какви што многумина посакуваат.

Бруто-платата на пратениците во ЕУ е 10.075 евра месечно, додека нето-платата изнесува 7.850 евра. Платите се финансираат од буџетот на ЕУ. Покрај тоа, секој претставник има право на 4.950 евра месечно за канцелариски трошоци во матичната земја, што се однесува на трошоци за закуп, опрема и вработени во канцеларијата.

За секој ден што пратеникот ќе го помине во Европскиот парламент, му се плаќа дневница од 350 евра за сместување, храна и други трошоци. Во нив не е пресметан автомобилот бидејќи е обезбедено бесплатно користење службен автомобил. Патните трошоци, исто така, се значителни. Службените патни трошоци се покриваат до одредено ниво според поминати километри. Трошоците за патарина, багаж и резервации исто така посебно ги плаќа ЕУ.

Неслужбените патувања се плаќаат и до 4.886 евра годишно. По истекот на мандатот пратениците имаат право на т.н. преоден надомест, кој е еднаков на една месечна плата по година во која биле на функција, најмногу две години. Моментално изнесува максимално 20.150 евра.

По влезот во Парламентот на ЕУ пратениците веќе не мораат да се грижат ни за пензија бидејќи имаат право на дополнителна пензија, покрај стандардната остварена во матичната земја, во износ од 3,5 отсто од нивната плата за секоја полна година на функција и 1/12 за секој нареден полн месец, но не повеќе од 70 отсто вкупно. Според сегашните плати, тоа изнесува дополнителна пензија од 1.760 евра, но откако ќе навршат 63 години.

Извор: Buka
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот