X
 23.07.2017 Живот

Омилените книги на светските бизнис-лидери

Читањето е одличен начин да дознаете нови информации, да добиете креативни идеи и да научите вредни совети кои можат да ви го подобрат приватниот и професионалниот живот.

Не е ни чудо што некои од најголемите бизнис-лидери се страсни читачи. Погледнете кои книги им се омилени на Бил Гејтс, Илон Маск и други.

Џеф Безос – „Остатоците од денот“ („The Remains of the Day“)

Новела за Англија по војна е негова омилена книга.

Бил Гејтс – „Фаќачот во ’ржта“ („The Catcher in the Rye“)

Гејтс го обожавал ова класично дело на Селинџер уште кога бил тинејџер и смета дека е многу паметна книга.

Стив Џобс – „Дилемата на иноваторот: Револуционерната книга која ќе го смени начинот на кој се занимавате со бизнис“  („The Innovator's Dilemma: The Revolutionary Book That Will Change the Way You Do Business“)

Книга која многу му влијаела на Џобс, а се работи за една од најконтроверзните книги за бизнисот.

Тим Кук – „Натпревар со времето: Како натпреварот базиран на време повторно ги обликува глобалните пазари“ („Competing Against Time: How Time-Based Competition is Reshaping Global Markets“)

Наводно Кук им доделува копии од оваа книга на своите вработени. Книгата помага за постигнување напредок во кариерата.

Марк Зукерберг - „Портфолија на сиромашните: Како сиромашните во светот живеат со 2 долари на ден“ („Portfolios of the Poor: How the World's Poor Live on $2 a Day“)

Оваа книга е на врвот на 23. омилени книги на Зукерберг.

Илон Маск – „Бенџамин Френклин: Американски живот“ („Benjamin Franklin: An American Life“)

Книгата е хронологија на животот на Френклин како писател, иноватор, научник и дипломат.

Индра Ноји – „Патот до карактер“ („The Road to Character“)

Извршната директорка на „Пепси“ смета дека книгата е влијателна и помага при зацврстување на човековиот карактер, кој е важен исто како и градењето кариера.

Џејмс Горман – „Мислител, кројач, војник, шпион“ („Tinker, Tailor, Soldier, Spy: A George Smiley Novel“)

Горман има афинитети кон ваквите книги.

Мелани Вилан – „Предноста на среќата“ („The Happiness Advantage“)

За оваа книга, таа вели дека е ресурс за нејзината компанија.

Ричард Бренсон – „Знам зошто птиците во кафез пеат“ („I Know Why the Caged Bird Sings“)

Ова е исто така една од омилените книги на Бил Клинтон.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот