X
 23.07.2024 Живот

Атокос - скриен грчки остров каде што можете да пливате со прасиња

Грција е една од омилените дестинации за летување, а во последно време сѐ почесто се откриваат скриени места кои досега ни биле непознати. Таков е скриениот грчки рај - место што можете да го посетите ова лето. Атокос е мал, ненаселен и приватен грчки остров во Јонското Море. Тој е еден од најубавите скриени острови и може да се посети само со брод или чамец.

Имено, сите ги знаат популарните плажи со малите прасиња на Бахамите, а со години ги гледаме инфлуенсерите како уживаат со нив. Атокос е всушност остров на чија плажа можете да уживате со овие животни, а бојата на морето и природата што може да им парираат дури и на Малдивите.

Атокос е мал, но импресивен остров кој се наоѓа во Јонското Море, во близина на западниот брег на Грција. Овој скриен скапоцен камен е ненаселен и е во приватна сопственост, што му дава посебна аура на изолација и недопрена природа. Привлекува внимание со својата природна убавина и мир, нудејќи им на посетителите уникатно искуство за бегство од секојдневната врева. Островот е покриен со бујна вегетација и карпи кои се спуштаат во чистото, тиркизно море. Овие карпи кријат многу мали заливи и прекрасни плажи, кои обезбедуваат совршено место за одмор и уживање во сонцето.

 
На една од таквите плажи можете да уживате во друштво на копнени животни - прасиња и богат подводен свет. Како прасињата стигнале на островот е голема мистерија. Сепак, без разлика како се појавиле, тие станаа главна туристичка атракција. Доколку се одлучите да го посетите овој остров, мора да се грижите за неговата природа - не смеете да ја загадувате во никој случај.


 

Овој приватен остров нема постојано население од 2011 година. До него се стигнува со брод од Лефкада или Кефалонија, а е познат по тиркизните плажи и секако прасињата.

Извор: journal.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот