Научниците можеби изнајдоа издржлив начин за користење на бактериските ензими за претворање на секоја крвна група во нулта, која е компатибилна речиси со сите.
Истражувачи од Универзитетот од Британска Колумбија неодамна објаснија како успеале да ги искористат ензимите извлечени од бактерија во човечките црева за да ги отстранат антигените од крвта од крвна група АB, А и B, ефективно правејќи крвта да биде од нулта крвна група.
Сите четири крвни групи се карактеризираат со присуство на антигени на мембраната на нивните еритроцити. Некој со крвна група А не може да прима крв од крвна група B, и обратно. Тоа е така затоа што телото ќе произведе антитела за да ги нападне црвените крвни зрнца со антигени кои не се совпаѓаат со неговите. Како и да е, луѓето со крвна група АB можат да примаат сечија крв бидејќи нивните крвни зрнца ги имаат и антигените А и антигените B, па нивните тела нема да создаваат антигени. Овие луѓе се нарекуваат универзални приматели.
Оние со крв од нулта крвна група, пак, често се нарекуваат универзални донори бидејќи овие црвени крвни зрнца немаат антигени. Оваа крвна група, особено нулта негатив, е многу вредна бидејќи може да ја прими секој.
Фото: Wikipedia
Научниците долго време бараа методи за да ги конвертираат останатите крвни групи во нулта и имаа незначителен успех во наоѓањето издржливо и економично решение, но новиот пристап би можел да го промени тоа.
Истражувачите се надеваат дека ќе продолжат да го истражуваат нивниот начин за конвертирање на крвната група во клиничките испитувања. Ако нивниот пристап биде успешен, тоа може да помогне во ублажувањето на речиси постојаниот
недостиг од крв во светот.