X
 02.03.2017 Здравје

Која крвна група најдобро го поднесува стресот?

Важно е човек да ја знае крвната група бидејќи таа може да ни каже на кои болести сме склони, но и како да се соочиме со стресот и како најдобро да се ослободиме од него.

Научно е докажано дека луѓето со крвна група А најлошо го поднесуваат стресот, а причината позади тоа е високото ниво на кортизол во крвта, хормон одговорен за чувство на стрес, што значи дека се повеќе подложни на стрес од луѓето со други крвни групи.

Физичката активност е одличен начин за ослободување од стресот, а на луѓето со крвна група А им се препорачуваат физички активности како таи чи и јога кои го намалуваат нивото на кортизол.

Луѓето кои имаат крвна група 0 најдобро ги поднесуваат стресните ситуации, но исто така потребна им е помош од телото да го исфрлат хормонот кортизол. Во тоа најмногу ќе им помогнат енергичните вежби кои експресно ќе го отстранат чувството на стрес.

Кај луѓето со крвна група Б, најмногу одговара јогата и другите поблаги форми на вежби, додека поединците со крвна група АБ најдобро функционираат кога нивната дневна рутина е под рамнотежа, без преголеми осцилации на чувство на стрес.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје