X
 19.05.2018 Здравје

Секој граѓанин на оваа држава ќе биде донатор на органи

Доколку биде усвоен предлог-законот за пресадување човечки органи, секој граѓанин на Србија ќе биде потенцијален донатор на органи, освен ако не се спротивстави на тоа додека е жив.

Органите од починатото лице можат да се земат заради пресадување доколку полнолетниот работоспособен донатор не се спротивставил усно или писмено во текот на неговиот живот, односно ако на тоа изрично не се спротивставил родителот, сопругот, вонбрачниот партнер или полнолетното дете на починатиот, се предвидува со предлог-законот, кој во српскиот парламент стасал на 11 мај.

Претпоставената согласност, за чие воведување се залагаше добар дел од српската експертска јавност, е најважната измена што ја предвидува предлог-законот. Во образложението на предлог-законот е наведено дека постапката за давање согласност за пресадување органи е поедноставена и на тој начин се избегнати непотребните финансиски трошоци за водење регистар.

Доколку овој правен акт се усвои, Србите ќе го добијат и првиот инспектор за биомедицина, кој ќе биде задолжен за надзор над извршената работа на здравствените институции што се занимаваат со пресадување органи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје