Замина Екрем Хусеин, балетанот чиј лик засекогаш ќе остане запаметен како персонификација на оваа професија во Македонија. Танцуваше до своите 70 години, силно, енергично, со посебен жар кој малкумина го носат во себе. Погребот ќе се изврши денеска во 17 часот, на турските гробишта во Бутел.
„Петар Пан, вечното дете“ за публиката, „Црниот лебед“ и уште многу други за колегите, Еко за најблиските... Зад себе остави 150 претстави, многу телевизиски настапи, дури едно време имаше иницијатива да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот активен балетан во светот, кој толкува главна улога.
Роден е во Скопје. Во педесетитет години почнал да посетува часови по балет. Татко му загинал во војната, мајка му морала да се грижи за петте деца. Тој бил најмалиот. Мајка му не дозволувала да танцува, се грижела дека нема да може да заработува. Откако учителот разговарал со неа, ѝ објаснил дека ќе работи во театар, таа попуштила. Останатото е историја...
Последните години се бореше со ветерници предизвикани од тешката болест. Почивај во мир.