X
 07.08.2018 Култура

Назначен е нов директор на МОБ

Професорот и продекан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, м-р Васо Ристов е избран за генерален директор на Македонската опера и балет – Скопје.

Ристов е истакнат уметник, кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера. Има дипломирано на ФМУ во Скопје, а магистерските студии ги продолжува на музичката академија Панчо Владигеров – Софија, Бугарија, а потоа и специјализација на ФМУ – Прага, Република Чешка.

Има долгогодишно искуство во менаџирање на оперска и балетска уметност, музичко сценски изведби, музички настани и натпревари. Тој е и педагог со 33 години стаж во сценско музичката дејност во Република Македонија (1998 до денес) и развивање на кадри за музичката култура во земјата и надвор од неа. Од 1986 до 2010 е вработен во МОБ како прв трубач- солист, потоа уметнички директор на Операта (2005 – 2006).
Продекан е за настава на ФМУ Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј” (2016 до денес). Организира настава, испити, концерти и натпревари за млади музичари и актуелен музички селектор на фестивалот Охридско лето 2018, член на Здружението на музичко балетски педагози, претседател на асоцијација на дувачки оркестри во Македонија и член на асоцијацијата за југоисточна Европа за дувачки оркестри.

М-р Ристов има стекнато доверба како професор на пет универзитети во Македонија и надвор од неа: Факултет за музичка уметност, Скопје, Државен Универзитет Тетово, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Универзитет во Приштина и Факултетот за уметност во Митровица.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура