X
 23.08.2019 Култура

Пристигнува нова возбудлива серија со Џенифер Анистон и Рис Витерспун

Поранешните колешки Џенифер Анистон и Рис Витерспун повторно се обединуваат во нова серија во продукција на стриминг-сервисот „Епл ТВ“.

Џенифер и Рис пред 20 години глумеа сестри во популарната серија „Пријатели“, но сега ќе бидат ривалки во новата драма-серија „Утринско шоу“ („The Morning Show“).

Џенифер уште од „Пријатели“ е миленичка на публиката, а Рис во меѓувреме ја стигна и во успесите и во популарноста.

Дејството во серијата ја следи екипата на популарна утринска програма на чело со Мич Кеслер (Стив Карел), кој останува без работа по скандалот во кој се нашол. Водителката Алекс Леви (Џенифер Анистон) се обидува да продолжи без него, но наидува на нетрпеливост од страна на шефот. Тогаш во игра влегува и репортерката Бредли Џексон (Рис Витерспун), која се обидува да ѝ го украде работното место.

- Низ призмата на тие луѓе, пред и зад камерата искрено ќе ги разработиме комплексните односи меѓу мажите и жените на работното место, а ќе се впуштиме и во разговори кои луѓето се плашат да ги водат, освен ако не се одвиваат зад затворени врати - изјави Анистон.

Иако приказната е измислена, серијата лабаво се потпира на книгата „Top of the Morning“ на новинарот Брајан Стетлер.

Веќе се знае дека серијата ќе има најмалку две сезони со по 10 епизоди, а зад режисерската палка ќе се најде Мими Ледер. Судејќи по реакциите на првиот трејлер, фановите едвај ја чекаат премиерата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура