Нивото на водата на реката Рајна, втората најголема река во Европа, продолжува да опаѓа поради високите температури и недостигот на дожд во западниот дел од континентот.
Ниската вода го спречува движењето на многу бродови на реката, а многу бродови мора да носат помалку карго за да не потонат.
Сателитот „Коперникус Сентинел-2“ направил фотографии од дел од реката во близина на Келн. Се забележува огромна разлика помеѓу состојбата на реката минатиот август и сега.
Нивото на водата на Рајна во близина на Франкфурт паднало на 32 сантиметри во понеделникот, во споредба со 42 сантиметри минатата недела. На бродовите им треба длабочина од барем 1,5 метар за да пловат кога се полни.
Извор:
Scitechdaily
Насловна фотографија:
ESA