X
 13.07.2022 Живот

Поради сушата во Италија, може да исчезне најпознатото сирење

Италија е погодена од незапаметена суша, а последиците се забележуваат. Во земјата не врнело дожд со месеци, а температурите се приближуваат до вртоглави 40 Целзиусови степени. Ова остава печат на многу индустрии, меѓу кои и земјоделството. Многумина стравуваат од недостиг на производи.

Сушата доаѓа по необично сува зима со малку снег и слаби пролетни дождови. Се смета дека ова е најголемата суша што ја зафатила Италија во над 70 години. Италијанската влада веќе прогласила вонредна состојба во некои северни региони до крајот на годината.

Земјоделците предупредуваат дека е загрозено производството на пармезан. Овој познат вид сирење би можел да исчезне од полиците на продавниците. Позната фирма која произведува пармезан во Италија тврди дека производството е исклучително намалено поради сушата.

Истовремено, сточарите предупредуваат дека е намалено производството на млеко поради недостигот на вода за пиење за животните.

Освен недостигот, веројатно е дека ќе дојде и до зголемување на продажните цени.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот