Не со еден, туку со два филма учествува Македонија во изборот за европската награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот парламент. Станува збор за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска и „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.
Во официјалната селекција за оваа награда влегоа десет филма, чии наслови беа објавени вчера во рамките на 54. Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари. 21 европски филмски професионалец ги гледаа и селектираа филмовите. Тие наведуваат дека станува збор за свежи авторски дела и филмови што отвораат очи.
Победникот на оваа награда ќе се знае на 27 ноември.
Сцени од „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ и „Медена земја“
Освен нашите два филма, избрани се и:
- Clergy - Војцек Смажовски (Полска)
- Cold Case Hammarskjöld - Мадс Бригер (Данска/Норвешка/Шведска/Белгија)
- Her Job – Никос Лабо (Грција,/Франција/Србија)
- Invisibles – Луј-Жилиен Пети (Франција)
- Ray & Liz – Ричард Билингам (Велика Британија)
- System Crasher – Нора Фингшајт (Германија)
- The Man Who Surprised Everyone – Наташа Меркулова, Алексеј Чупов (Русија/Естонија/Франција)
- The Realm – Родриго Сорогојен (Шпанија/Франција)