X
 23.09.2019 Образование

Започнува со работа проектот за развој на стручни вештини и вработување на БЕФ

Здружението за регионален развој Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со поддршка на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк)“ го објави јавниот повик за кофинансирање стручни студии во областа на веб-развојот (front-end девелопер).

Проектот има две цели. Прво, да ги оспособи одбраните кандидати за позицијата Front-end девелопер, а потоа, по студиите да им помогне во наоѓање работа преку мрежа од над 150 ИТ-компании. Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка од ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видеолекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн-консултации со ментор.

Одбраните кандидати ќе добијат покривање на 80% од трошоците за студиите, а обуката е наменета пред сѐ за невработени лица, вклучувајќи и студенти, при што приоритет ќе имаат деца без родители, деца на самохрани родители и лица со попреченост.

Пријавувањето на кандидатите трае до 27 септември, а се врши на веб-страницата на BEF. (http://www.balkaneconomicforum.org/wp/e4e-kofinansirani-strucni-studii/)

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование