X
 19.06.2018 Живот

Човештвото не ја заслужува оваа планета - Еверест прекриен со куп ѓубре!

Највисоката планина во светот во последните неколку децении се претвори во депонија благодарение на богатите туристи што оставаат трага од отпадоци.

Од искачувањето на врвот висок 8.848 метри од страна на сер Едмунд Хилари во 1953 година, илјадници авантуристи се обиделе да го направат истото. Но она што оди нагоре не секогаш се враќа назад и резултира со тони ѓубре што ги покриваат падините на планината.

Проблемот не е во тоа што туристите не можат да го достигнат ѓубрето што го направиле, туку кога кампуваат во своите релативно лесно достапни кампови, зад себе оставаат шатори, скршена опрема за искачување, празни канти и останато ѓубре.

gubre
Фото: iStock


- Одвратно е за гледање. Планината носи тони отпад - вели водичот Пемба Дорје.

И Тибет и Непал имаат спроведено системи за да се поттикнат планинарите да го собираат и да го носат долу својот отпад. Тибет има воведено казна за планинарите - 100 долари за килограм ѓубре што ќе го остават зад себе, а Непал наградува 4.000 долари за тим што ќе собере и донесе најмалку 8 килограми ѓубре.

Од страната на Непал, тоа резултирало со 25 тони донесено ѓубре и 15 тони измет, но тоа е само мал дел од ѓубрето - проблемот е тоа што многу туристи, кои веќе потрошиле и 100.000 долари за патувањето, не се заинтересирани за наградата.

Според извештај од 2016 година, локалните водичи шерпа отстранувале 11.793 килограми човечки фекалии од планината секоја сезона. Ова станува ужасен проблем за жителите бидејќи во текот на сезоната на монсуните изметот се спушта надолу во нивната река.

Луѓето бараат решение за овие проблеми. Инженерите сакаат да изградат фабрика за биогас за да го претворат отпадот во обновлива енергија, а локалните групи веќе работат на чистење на планината.

При чистењето на Еверест во Кина се собрале 8,5 тони отпад помеѓу април и јуни оваа година, а Комитетот за контрола на загадувањето работи уште од 1991 година, спроведувајќи програми за одржување на чистотата на планината.

Најдобар чин на дејствување би бил ако луѓето почнат да преземат одговорност за сопствените дела, но очигледно тоа е преголемо барање за нив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот