Сите редовни студенти запишани првпат во учебната 2021/2022 година на некој од државните факултети во Скопје имаат право на користење студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз, информираа од ЈСП Скопје. Процедурата за издавање на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП Скопје.
Неопходно е лично присуство на студентот кој треба да приложи потврда за редовен студент издадена од матичниот факултет, лична карта и индекс на увид и 200 ден., еднократен надомест за изработка на персонализирана картичка „Скопска“.
На бруцошите, билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година. Другите студенти, за да ја продолжат важноста на билетот за 2022 година, треба да достават потврда за редовен студент не постара од еден месец и да приложат индекс со запишан зимски семестар.
Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.