X
 23.09.2022 Економија

Скапа грешка - бензинска станица во Германија продавала бензин по двојно пониска цена

Бензинска пумпа во германскиот град Геролжофен во сојузната држава Баварија случајно продавала гориво по цена малку поголема од 1 евро за литар.

Суперплус на оваа бензинска станица чинел 1,029 евро за литар, а поради тоа се создал голем метеж во вторникот.

- Резервоарот од 3.000 литри беше празен до вечерта - изјавиле од бензинската станица.

Цената по која по грешка се продавал бензинот била за едно евро пониска од вистинската цена. Ова траело кратко, бидејќи во средата наутро литар суперплус бензин повторно чинел 2,099 евра.

Од бензинската станица изјавиле дека до грешката настанало при внесувањето на цената од страна на вработено лице. Тие не откриле колку гориво продале по пониската цена.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија