X
 15.01.2018 Наука

Во внатрешноста на најголемата нуклеарна централа во Aмерика

централа
Фото: Adam Simpson

1. Студено

Во нуклеарната централа „Сан Онофре“ работниците префрлаат 2.668 горивни склопови во кои се содржат 1.109 метрички тони радиоактивен ураниум во огромни контејнери од не’рѓосувачки челик. Тие се наоѓаат во длабок базен за ладење направен од челик, на температура од 20 Целзиусови степени, додека работниците да ги пренесат во складиште.

2. Закопување

Откако ќе се излади горивото, работниците ги поставуваат кутиите во бетонски буриња длабоки 6 метри, поставени во земјата. Бетонот помага да се задржи зрачењето на горивото, додека отворите овозможуваат да циркулира воздухот за да се одржува студениот воздух. Овие буриња, кои се надгледувани и постојано проверувани, се доволно силни за да издржат земјотрес, цунами, па дури и доколку авион падне во близина.

3. Отсекување

Контролираните алати ја отсекуваат високо контаминираната опрема. Другите роботски машини го отстрануваат најлошиот отпад. Потоа работниците, со хидраулични чекани, пили и булдожери - ги отцепуваат зградите. Секојдневниот канцелариски материјал, како полици, мебел и изолација, го пополнува купот со ѓубре.

4. Испраќање

Уривањето создава огромно количество ѓубре - бетон, цевки - доволно за да се наполни цел фудбалски стадион. „Сан Онофре“ има и 60 железнички вагони кои чекаат од нив да бидат извлечени нуклеарните остатоци од ниско ниво. Камиони ги превезуваат остатоците од ѓубрето што не е нуклеарно во депониите во Тексас и во Аризона.

5. Закопување во земја


Товарните возила носат ниско ниво на радиоактивни остатоци - сега тие се спакувани во торби и големи контејнери и испратени во депонија за нуклеарен отпад во пустината Јута. Таму работниците ги проверуваат и ги документираат нивоата на радијација, а потоа ги закопуваат во „насипи“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука