X
 26.04.2017 Живот

Што ќе се случи кога во автомобилот ќе ставите погрешно гориво?

Кога ставате гориво во автомобилот, на момент сконцентрирајте се и добро размислете: кое гориво треба да го ставите? Мислите дека не е потребно, но и тоа како е! Особено е важно, особено кај возачи кои постојано ги менуваат автомобилите.


Фото: Freepik

Ако имате понов автомобил, доволно е да знаете: бензин или дизел, и тогаш да го ставите најскапото достапно гориво. Така, ако ознаката е BS (без сулфур, која некогаш има и позитивни својства - ја зголемува мазивоста на горивото) тогаш има додаток - Плус, Макс... Не е неопходно, но малку поскапото гориво обично е и подобро. Збогатено е со адитиви кои ги подобруваат важните карактеристики, важни за работа и сигурност на моторот.

Кај дизел горивата нема други опции, бидејќи цетанската вредност не е наведена, туку се подразбира. Кај бензиските мотори, почитувајте ги правилата на произведувачот, но кај сите нови, дури и ако е декларирана октанска вредност 95 (бројката позад Еуросупер), подобро е да ставите 98 или 100 октанско.

Моторот ќе добие 1 до 2% сила, за толку ќе се намали потрошувачката, и ќе биде подобро заштите од штетната неконтролирана детонација.

Секој современ бензинец сам се прилагодува на октанската вредност на горивото од 100 до 95. Ако во дизел автомобил ставите било кое дизел гориво, односно во бензинец било кое бензинско гориво, нема да имате проблем. Исто така, не е лошо ако наместо Еуросупер 95 ставите 98 или 100 и обратно.

Проблемите започнуваат ако се стави погрешно гориво - со оглед на тоа што цевката на пиштолот за гориво има поголем дијаметар кај оние за дизел отколку за бензин, дизелот е тешко да се стави во бензиски мотор. Забуната е многу полесна во спротивниот случај, кој е и поопасен - ако во дизел автомобил се стави бензин. Но, и тогаш проблемот зависи од тоа во кој момент се открие забуната.

Ако веднаш престанете со полнење на бензинот во дизел резервоарот, тогаш треба да купите масло за 2 тактни мотори, да ставите во резервоарот и да го дополните резерварот со дизел гориво. Ако сте ставиле само неколку литри дизел во бензин резервоар, ставете Еуросупер и продолжете. И во едниот и во другиот случај, што ги потрошите првите 10 литри гориво, повторно турете гориво до врвот.

Ако сте ставиле погрешно гориво до врвот, добро би било да не го палите моторот. Кај бензин автомобилите не настанува штета, туку се отежнува постапката за палење. Голем проблем е кај дизелските мотори. Најголем проблем е ако го запалите моторот и тој почне да трокира, па да се изгасни сам. Тогаш потребно е да повикате механичар.

Кај бензин автомобилите, можете сами да го испумпате горивото, слично кога од бочва, со цевка тргате вино. Иако ова не е ниту препорачливо, ниту здраво. Исто така, можете да го излеете горивото низ отворот на дното на резервоарот. Кај дизел моторите е покомплицирано и проблемот е поголем, па затоа и постапката е поскапа.

Како што можете да забележите, ставањето погрешно гориво не е безопасно и можете да направите голема штета. Затоа, секогаш имајте во предвид кое гориво треба да го ставите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот