И додека филмските критичари, режисери и кинематографери спорат околу уметничката вредност на филмот „Џокер“, светската публика е апсолутно воодушевена од филмот.
Некои луѓе упатија позитивни критики на ова „модерно левичарско ремек-дело“, а многумина прогнозираат дека на доделувањето на „Оскарите“ филмот ќе доживее успех што некогаш го имале „Титаник“ и „Господарот на прстените“. Во кината и понатаму се прикажува филмот, а режисерот Тод Филипс за „Њујорк тајмс“ образложи една од најморничавите сцени на филмот.
Станува збор за сцена во која Хоакин Феникс игра сам во тоалетот, а покрај објаснувањето на симболиката, режисерот открива дека сцената настанала спонтано со импровизација на Феникс и менување на сценариото.
Според почетниот план, Артур требало да влезе во тоалетот и да го скрие пиштолот, а потоа да го види својот одраз во огледалото. Но, ни на Тод ни на Хоакин тоа не им било логично, па еден час пред снимањето на сцената Тод ја пуштил композицијата на Хилдур Гуднадотир, која ја работела и филмската музика. Хоакин почнал да танцува на музиката, токму во тоалетот каде што бил сам со Тод, додека 250 члена од филмската екипа ги чекале надвор.
И двајцата знаеле дека тоа е тоа, дека
Артур е една од тие личности што имаат музика во себе, но и за време на танцувањето излегува мрачноста на Џокер. Така и музиката станала интегрален дел од филмот.