X
 14.01.2020 Култура

Џејмс Камерон го покажа концептот за „Аватар 2“

Џејмс Камерон ја претстави концептната уметност за „Аватар 2“, но реакциите на социјалните мрежи не биле какви што очекуваа од студиото.

Наместо да предизвика возбудување кај обожавателите, Камерон беше критикуван поради 10-годишното растојание меѓу филмовите. Првиот филм „Аватар“ излезе во 2009 година, додека неговото продолжение било одложувано неколку пати.

Фотографиите што прикажуваат како ќе изгледа „Аватар 2“ беа претставени на Саемот на потрошувачка електроника 2020 во Лас Вегас, а потоа беа објавени и на официјалниот профил на „Аватар“.

- Нема да се вратите на Пандора - ќе истражувате нови делови од светот - пишува под фотографиите.

- Дали некој воопшто се сеќава што се случуваше во „Аватар?“ - е еден од коментарите на „Твитер“.

- Мислев дека Камерон веќе снимил 5 или 6 филма во меѓувреме - вели други твитер-корисник. Секако, се јавија и многубројни фанови кои едвај го чекаат излегувањето на филмот.

- Важната работа за мене не е кога ќе излезе филмот, туку процесот на неговото настанување - изјави режисерот и додаде дека би сакал кога продолженијата на „Аватар“ би биле пуштени со најмало можно растојание.

Зои Салдана повторно ќе се најде во улогата на принцезата Нејрити, а Семјуел Ворингтон како Џејк Сали.

Камерон истакна дека продолжението ќе има „семејно-затворска“ тематика, што и да значи тоа. Најави дека секое продолжение ќе биде филм за себе, во случај да спаѓате во тие 3 отсто од луѓето што не го гледале првиот дел. Сместен неколку години по случувањата во првиот дел, Сали сега е поглавар, а Нејрити големата свештеничка на нивниот клан, иако случувањето околу филмот ќе се одвива околу нивните деца.

Со оглед на фактот дека пишувањето на сценариото трае многу долго, како и подготовката на филмот, сето ова лесно може да биде променето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура